Богатството на Македонската духовна и материјална култура е огромно, и секако не е возможно да се врами во една книшка, едно издание или еден музички запис. Ова издание кое е во вашите раце се обидува да вметне само "мал трн во кожата" на оние кои недоволно биле свесни за тоа богатство, а за оние останатите да биде само "каписла" која ќе предизвика понатамошно подлабоко истражување на културата на нашите корени.
Мултимедијалново издание е реализација на голем број идеи кои им се вртеа низ глава на студентите на Заводот за Етнологија кои исто така се членови на Македонското Студентско Етнолошко Друштво неколку години наназад. Со оглед на богата архива на аудио видео, и фотографски запис, логично следуваше една ваква идеја која наиде на разбирање од голем број луѓе пред се нашите професори, асистенти и постари колеги.
Ова издание потполно подеднакво ги третира и двата вида на запис, текстуален и аудио.
Комплетни автори на текстовите се дел од студентите, а песните се снимени на редовните теренски истражувања кои се дел од програмската поставеност на студиите по етнологија, при заводот за Етнологија, на институтот за Географија на Природно математичкиот факултет во Скопје.
На ова ЦД нема студиски снимки, ниту пак било какви дотерувања. Во обид да се забележат последните остатоци на некои форми од музичкиот фолклор во Македонија снимани се, како што ќе може да се чуе, старечки, слаби и веќе трошни гласови на исполнителите, со пеење исполнето со многу воздишки, закашлувања, паузи, присеќавања, но многу емоции и солзи.
Тоа значи дека нашата цел не беше да се презентираат најдобрите и најквалитетните варијанти на народните музички достигнувања, туку да се направи избор кој заедно со кусите текстови и фотографии, сегменти од народната култура, ќе ја изразат душевноста на Македонците, ќе ги покажат народните творци во светлост и зрачење во коешто, денес, истражувачите ги наоѓаат на терен.
Вовед (од оригиналот)
Subscribe to:
Posts (Atom)