6. Милка си седи во земник

Рајна Спасовска
с. Клечовце, Жеглигово

___________________________

ЗЕМНИК


Колективната женска работа во минатото се извршувала со здружување на повеќе женски деца и моми од една селска средина. Во тие селски здружувања женските деца поминувале низ еден вид естетско образование кое се пренесувало од колено на колено.

Изучувањето на народните техники се вршело издвоено од јавните случувања во селската заедница или поточно, се собирале по неколку девојчиња во посебно направени колиби.

Подучувањето го вршела посебно надарена жена мајсторица која ги пренесувала сите вештини што требало да ги познава едно женско дете.

Овие колиби се правеле во ископани дупки каде што се фрлало ѓубрето од стоката, а во изградбата се употребувала слама 'ржница и неколку дрвени греди. Горниот дел од колибата, поточно покривот, бил високо издигнат, а врвот искитен со китки цвеќе и се нарекува кафтарка.

За овие колиби во различни предели постојат локални термини како: куќарица, куќарка, земјанка и земник. Ваквиот начин на здружување во минатото се среќава во Скопска Блатија, Скопска Црна Гора, Кумановско, Азот, Порече, но и кај моштенската група во Леринско Поле.

фото:Ѓ.Клинчаров

No comments: