ТЕРЛИК
Во околината на градот Велес се наоѓа селото Мелница населено со исламизирани Македонци, Мијаци, кои се карактеристични по својата специфична народна култура.
Во нивната традиционална култура, како важен носечки сегмент се јавува женската супкултура. Женската супкултура е поврзана пред со со домот, домаќинството, семејството и семејната обредност. Тоа се дел од носечките елементи во нивното живеење.

Под терликот, главата, особено долниот дел на лицето, го обвиваат со шамија во жолта боја. Ракавите од наметката ги носат префрлени преку главата. Со носењето на терликот жените ја продолжуваат традицијата, во духот на старите исламски норми, да го кријат својот личен идентитет и на тој начин се претопуваат во масата жени кои ретко се среќаваат по улиците на Мелница.

No comments:
Post a Comment