17. Руса среда

Жени од с. Лисиче, Азот

______________________

РУСА СРЕДА


Песната посветена на Руса Среда е забележана во 1998 година во селото Лисиче, Азот (Велешко). Бевме на теренско истражување во неколку околни села и случајно дознавме дека манастирот кој се наоѓа во близина на селото Лисиче му е посветен на Св. Илија. Решивме да го посетиме непосредно пред празникот Илинден, кога всушност и се слави името на светецот- заштитник на манастирот.

Најверојатно секој од нас/вас бил на некоја манастирска прослава, па затоа само накратко ќе споменеме некои детали што ги забележавме во селото Лисиче.

Во дворот на манастирот имаше голем број луѓе на различна возраст кои доаѓаа не само од селото туку и од целиот регион и од подалеку. Имаше луѓе кои светецот на сон ги довел во манастирот.
Во еден дел од дворот имаше групна активност од која како заеднички резултат се слушаше една многу гласна, убава песна. Жените пееја песна за "Руса среда" додека ги плетеа венците од цвеќе.

Плетеа три венци: еден што се става на надвратникот на влезната капија на манастирскиот двор, вториот за чешмата во манастирот и третиот за надвратникот на вратата на црквата. Секоја од овие жени ја пееше песната на свој начин, но сепак сите заедно создаваа незаборавна атмосфера.

Во еден друг дел од дворот, блиску до самата црква се вршеше жртвопринесување во име на громовникот Св. Илија.

Не заборавајте дека до денес Македонија е преполна со вакви случувања кои можат духовно да ве збогатат. Следниот пат излезете од урбаната атмосфера

No comments: