16. Тропав ми тропав ораси мамо

Драга Стаменковска
с. Винце, Овче Поле

______________________

БОЖИЌНО ПИЛКАЊЕ


Речиси во сите краишта, вечерта спроти Божик целото семејство се собира на таканаречената бадња вечера. Во село Винце, Кумановско, во рамките на обредите кои се вршат околу бадната вечера (богомолства, горење на бадниково дрво и благослови за бериќет), постои обичај при кој им се делат ореви на сите и се запејува песната "Тропав ми, тропав ораси, мамо".

Пред делењето на оревите и седнувањето на софрата, мажите, на јарем кој е поставен на прозорецот, палат свеќа и му се молат на Бога. Потоа, најстарата жена наречена куќница почнува да имитира квачка за која се фаќаат и останатите деца како пилиња и се вртат три пати околу куќниот дирек или столб. Обредот продолжува со палењето на бадниковото дрво во куќното огниште, кое гори додека се вечера и така горејќи треба да го дочека утрото, односно Божиќ.

No comments: