5. Ај мили боже чуда великога

Милица Цветковска
с. Добрача, Жеглигово

____________________________

ИЗВИКНАЛ СЕ ЈУНАК, ПРОВИКНАЛ

Исполнувањето на јуначки, трпезариски или машки песни било широко распространето во Македонија во минатото. Според мотивите тоа биле песни низ коишто се изнесувале истории во врска со јунаштвата, битките и доживувањата на митските јунаци како Марко Крале, Дете Голомеше и др.

Според правилата на народната култура, исполнувачите биле мажи, а било вообичаено при пеењето да бидат придружувани со гусла односно ќемане. Во Македонија имало слепи гуслари кои заработувале исполнувајќи ги јуначките песни од село во село, од еден град во друг, од еден панаѓур на друг собир.

Меѓутоа, народната традиција не би го имала своето богатство и многуваријантност доколку не постоеле исклучоци и отстапувања од вообичениот ред и норми. Луѓето многупати се решавале да направат нешто иако однапред знаеле дека тоа не е вообичаено за нивната средина, поради што честопати биле изложувани на потсмев, осуди, етикетирања, но понекогаш биле и охрабрувани и бодрени да истраат во нивните настојувања.

Желбите, внатрешните емотивни пориви и творечката дарба биле посилни од традиционалните норми. Така, на терен сé уште можат да се сретнат луѓе коишто им се противставиле на силните норми на традицијата поради што се "бележани" во околината.

Тоа се жени коишто научиле да свират на гајда, што, се разбира, во традиционалната селска средина се сметало за строго машка работа. Во други места некои жени свират на тамбура. Во селото Добрача, Кумановско, од баба Милица Цветковска сосема неочекувано дознавме дека знае огромен број јуначки, машки песни.

Ги научила уште како дете од својот дедо, познат пејач на јуначки песни, поради нејзиниот исклучителен интерес за нив. И покрај укажувањата дека таа како девојка, а подоцна жена, не може да ги пее тие песни, поради преголемата желба на баба Милица да ги пее овие песни, таа успеала да истрае во своите напори да ја негува традицијата на исполнување на овој вид песни и на почетокот на XXI век да ни ги пренесе, пеејќи ни ги нам.

No comments: