1. Ој ле Митро црни очи

Живка Ѓорѓиева,
с. Старо Коњаране, Струмичко поле


___________________________


С'НЦЕ ПРЕГАЧ

Скутината е еден од најважните делови во женската носија, кој се носел од најраното детство до крајот на животот. Локалните термини за скутините во Македонија се најразлични и најчесто се сврзуваат за пределски целини од каде што потекнуваат.
Во конкретниот случај се работи за скутина од с. Старо Коњаране-Струмичко Поле.


Скутината е една дипла, со локален назив прегач, ткаена во техника лито, со ситни линеарни орнаменти по целата ширина. На долниот дел во вид на фриз е поставен орнамент со локален назив с'нце од каде целата скутина го добила името с'нце прегач.

Соларниот симбол сонце во народната митологија на Македонците често се поврзува со изворот на светлина, топлина и животна енергија, но тоа е во најтесна врска со култовите поврзани со сонцето.

No comments: