Често, тема на велигденските песни се трагичните настани и смртта, што навидум изгледа чудно, кога се знае дека тие се исполнуваат на голем и весел празник.
Таква е и темата на велигденската песна забележана во село Бзовиќ, Мариово. Велигден е еден од најголемите народни празници со силно изграден култ кон мртвите предци. Во Мариово, на почетокот на велигденскиот собор се пеела песната "Накачила Неда горе по реката" што им била посветена на мртвите. Притоа, фамилиите што биле во жалост го изнесувале моминското и невестинското руво на умрените моми и невести во дворот, сметајќи дека со тоа ќе им се помогне на душите на умрените.
Дали, сепак според логика на самиот празник може да се разбере идејата на луѓето што си "поигруваат со смртта", судејќи и по текстот на оваа песна? Чудно, но на Велигден Христос, според Писмото, воскресна и ја победи смртта. Дали е истата врска? Дали произлегува оттаму или се надоврзува тематиката на велигденските народните песни и обичаи?

No comments:
Post a Comment