2. Невесто млада невесто

Љуба Каческа
с. Октиси, Струшки Дримкол


______________________

РАЃАЊЕ

Жените се породувале дома со помош на бабица - баба - искусна жена од селото. Се сметало дека е лоша среќа ако мажот знае дека жената се породува. Во таков случај и давале да се напие вода од неговиот десен опинок. Породената жена во селото Октиси, Струшко, ја викаат ломка и таа се смета нечиста до 40 дена од породувањето. Во овој период е подложна на влијанија на разни лоши сили како што се унајте или женска болест. Ако тие ја нападнат, тогашпомошсе бара од баба што ќе и бае со жарчиња гасени во вода и со кација нагорена на оган зборувајќи: Црвејнчиште, притрусејнчиште; как шчо дошло, да си ојш; ни го виде од ќе дојде, ни да го видишќе ќа си ојт.

Новороденото дете го викаат рулче. И за него е потребна посебна грижа бидејќи исто како и леунката и тоа може да биде нападнато од лоши сили. На пример месецот може да ги фати децата и тогаш се разболуваат. Во таков случај оставаат плачка (алиште од детето), шеќер и орев на родно дрво навечер и н зборуваат на месечината: Месечино, гледај ове шчо ти го реда да го сузбиешлошото, ко ќа ја облечит детево плачкава да оздрајт, да му се трнит од Месецот м'ката."

Многу е важно првороденото дете да биде машко. Жената која раѓа само женски деца ја викаат момичарка. За машко викаат дете, а за женско момиче или момичишче.

Детето првпат го задојувала друга жена која можела да биде и муслиманка. Децата задоени од исто млеко се побратими и ако се од спротивен пол не смеат да стапат во брак. Жената што го задоила детето се смета како втора мајка и неа ја вика мајче.

Интересно е што децата на возраст од 6-10 години се тетовираат на рацете или на челото. Ова го прават со ума - црна земја и со игла. Се тетовирале сами или си помагале едно на друго. Најчест мотив е крстот, но се среќаваат и други форми како на пример дамка, цвеќе, а некои ги тетовирале и своите имиња. Ова се практикувало и кај машките и кај женските деца.

No comments: