11. Коња кове Момчула војвода

Крсте Ѓурески
С. Градешница, Мариово

______________________

СВИРИПИЛЕ


Во минатото, па и денес во мариовските села се практикувало да се јаде три пати на ден и тоа: поручек, ужина и вечера. Како главно јадење се сметала вечерата бидејќи тогаш се собирало целото семејство на трпеза. Во минатото исхраната не била толку разновидна и богата како денес.

Лебот се месел во домашни услови, секоја куќа за себе. Постоеле повеќе видови месени јадења кои се приготвувале секој ден, и тоа мазник (мазникот е танок како бурекот шо го праат), мрзлив мазник (а ова ние малце подебели корите и скиснати), зелник, леб-сомун (напола ченка и `рж). Лебот се месел со домашен квас, кој секоја куќа морала да го има. Квасот го зафаќале секоја недела за да скисне до следното месење.

Квасот не смее да се изнесува надвор од куќата, а доколку некоја куќа го изгубела квасот, можела да позајми од соседите или од поблиските, но морала да изврши навратка, односно повторно да врати квас.

Во случај да нема квас, а треба да се приготви јадење побрзо, се меси леб без квас, пресна погача (...е со сода порано ја месеа, троа солца ќе и фрле и ќе ја месе сува, сува...). На пресната погача може да и’ се додаде мед.

Во минатото многу често за ручек на поле се јадело многу скромно. Едно од јадењата што се практикувале било јадењето „свирипиле”. (Свирипиле: надроби си леб, насоли го пипер и тури вода, сол, лук и сркај. Ете тоа е свирипиле, после па нашле друго и това не им било убаво и го исфрлиле).

No comments: