3. Кротко меткајте

Ѕвезда Димковска
с. Теово, Азот


_______________________

ЃУРЃОВДЕНСКО ЛЕЛАЊЕ


Во Теово на пладне, на Ѓурѓовден, сите млади момчиња и девојки, но и старите се собираат околу нишалката направена и закачена на гранките од некое големо дрво, на која сите присутни редум се нишаат.

Кога започнува нишањето, започнува и пеењето. Песните што се пеат во оваа прилика се наменски, односно посебни песни што се пеат зависно од лицето кое се ниша. Први се занишуваат девојките и момчињата, а откако ќе поминеле сите млади, тогаш продолжувале постарите, што во поново време е многу ретко.

Нишањето по своето потекло е древен магиски обред. Земајќи ја предвид симболиката на празникот и на сето она што се случува на Ѓурѓовден, со сигурност може да се претпостави дека нишањето произлегло од човековото набљудување на природата, движењето на гранките на дрвјата кои напролет под влијание на ветрот се расцветуваат, односно се оплодуваат.


Со нишањето луѓето се обидуваат да го имитираат тоа магично движење на дрвјата од ветерот и со хомеопатска и имитативна магија да создадат "ветер" погоден за "оплодување", плодност и развиток. Во таа смисла може да се толкува и застапеноста на рефренот "Ѓурѓе ле.." во секоја ѓурѓовденска песна, кое како молитвено ехо кон светителот Ѓорги треба да го измоли посаканото.

No comments: